Иранските државни медиуми денеска соопштија дека целта на утринскиот ракетен напад не била болницата „Сорока“ во Бершева, туку воена инфраструктура на израелската армија, која се наоѓа во нејзина непосредна близина.
Според иранската новинска агенција IRNA, нападот бил насочен кон командно-разузнавачкиот центар на израелските одбранбени сили (IDF C4i), како и воен објект за разузнавање, лоцирани во рамки на технолошкиот парк Гав-Јам Негев – веднаш до болницата и универзитетскиот кампус „Бен Гурион“.
„Прецизната и директна цел беше воената инфраструктура. Болницата е оштетена единствено од ударниот бран“, наведува IRNA.
Израел: Болницата беше директно погодена
Од друга страна, израелското Министерство за надворешни работи претходно денеска соопшти дека болницата „Сорока“ била погодена со иранска балистичка ракета. Според израелските власти, оваа болница во Бершева обезбедува здравствени услуги за сите заедници – Евреи, муслимани, христијани и арапски бедуини.
„Израел ќе продолжи да ги презема сите неопходни мерки за да ги заштити сите свои граѓани, без разлика на нивната етничка или верска припадност“, стои во соопштението на министерството.
Нападот врз болницата е дел од поширок ракетен напад што Иран го изведе врз израелска територија, во контекст на зголемените тензии и ескалацијата на конфликтот меѓу двете држави. Во моментот на нападот, во близина на болницата имало и цивили, а според првичните информации, повеќе десетици лица се повредени.







![[ФОТО] Опасна закана од Русија: НАТО ги подигна авионите, се вжешти небото над Полска, објавени првите фотографии](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/04/screenshot-2025-04-17-233514.png)