Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (IRGC) објави дека лансирал „супертешки“ балистички ракети од типот Sejil кон територијата на Израел, во рамки на, како што велат, 12. бран напади.
Ракетите Sejil се со должина од околу 18 метри и имаат дострел до 2.000 километри, што ги прави способни да погодат цели длабоко во внатрешноста на израелска територија. Според соопштението на IRGC, нападите се одговор на, како што го нарекоа, „агресивното однесување на ционистичкиот режим“.
„Израелците мора да изберат – спора смрт во пеколниот живот во бункери или бегство од Израел“, се наведува во претходното предупредување на иранската гарда.
Официјален Тел Авив сè уште не потврдил дали и каква штета е предизвикана од најновите ирански ракети. Напнатоста меѓу двете земји ескалира во последните денови, со зголемена воена активност и закани од обострани напади.






