Легендарниот српски пејач Ѓорѓе Балашевиќ, почина на 67 годишна возраст во текот на лечењето од Ковид-19 во Клиничкиот центар „Војводина“, јавува РТС.
Пред неколку дена Балашевиќ бил примен на Инфективната клиника поради воспаление на белите дробови, предизвикани од Ковид-19. Прет тоа се лечел дома, но ситуацијата му се влошила, па морал да биде пренесен во болница.
Балашевиќ пред две години преживеа инфаркт.
Тој е еден од најпознатите пејачи во Србија, автор на неколку незаборавни песни на кои се сеќаваат и постарите и помладите генерации.







