Блок 2 од РЕК Битола исклучен – полицијата истражува можна саботажа
Утрово автоматски беше исклучен Блок 2 од РЕК Битола поради активирање на заштитен механизам, откако била регистрирана зголемена температура, настаната од опожарени дрвени елементи во близина на ормарот за електронско управување.
Поради сомнеж за саботажа, на терен е криминалистичката полиција која врши увид. По завршување на истрагата, стручни екипи ќе извршат детална анализа за евентуалната штета и причините за пожарот.
Во моментов, Блок 1 е во редовен годишен ремонт, а Блок 3 е исклучен поради намалена побарувачка од ЕВН Хоум. Потребите за струја се покриваат преку хидроелектраните на АД ЕСМ и преку купопродажба на енергија.







