Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Владата, Христијан Мицкоски очекува убедлива победа на локалните избори во Битола и мнозинство во Советот. Ова Мицкоски го рече денеска при посетата на Битола, откако партијата најави дека дала целосна поддршка актуелниот градоначалник Тони Коњановски да е кандидат за претстојните локални избори на ВМРО-ДПМНЕ.
-Сакам да му честитам на градоначалникот за посветената работа досега. Се разбира, очекувам убедлива победа на локалните избори уште во првиот круг, успешна работа и во иднина. Мнозинство во Советот кое што ќе биде додадена вредност во работата на градоначалникот, а не како досега што ќе прави опструкции и ќе ја кочи работата на градоначалникот по било која цена. За жал поради тие опструкции и тоа кочење не сме во можност да отпечнеме уште еден долгоочекуван проект, тоа е спортската сала, но се надевам дека во следниот мандат и тоа ќе го отпочнеме“, рече Мицкоски во Битола додавајќи дека во периодот што следи во Битола влегуваат стотина милиони евра.
-Битола е во најголем фокус за нас, така било така и ќе остане, рече Мицкоски
Наброја дека се очекува завршување на голем број проекти, отпочнување со работа на топлификацијата, пречистителна станица, 15 милиони евра во улици, булевари, паркови, училишта, градинки, влезот во Битола…






