Во Битола официјално започна реконструкцијата на зградата на поранешното кино „Партизан“, кое е дел од објектите на Националната установа Народен театар – Битола.

Премиерот Христијан Мицкоски, во текот на посетата на општината, присуствуваше на означувањето на почетокот на градежните активности.

„Со вкупна вредност од 96 милиони денари, оваа инвестиција претставува значаен чекор напред за културниот развој на Битола. Завршувањето на проектот е планирано до декември 2026 година. Преку вакви проекти продолжуваме да градиме посилна културна инфраструктура и да ја враќаме Битола на мапата на водечки културни центри во државата“, изјави Мицкоски.

Реконструкцијата на киното „Партизан“ се најавува како дел од поширока стратегија за заживување на културниот живот во градот и обновување на заборавени културни простори.

ФОТО: АПЛА.МК







