Иран предупреди дека во наредните часови Израел ќе биде цел на нов бран напади со беспилотни летала, а иранскиот воен врв најави дополнително засилување на офанзивата.
„Нападите ќе се интензивираат“, изјави висок ирански воен командант, наведувајќи дека одговорот на Техеран ќе продолжи со зголемен интензитет.
Синоќа, Иран веќе реализираше четиричасовен напад врз израелски цели, користејќи комбинација од дронови и проектили. Со тоа беше означен почетокот на деветтиот бран ирански напади од почетокот на ескалацијата.







