Седум години од потпишувањето на Договорот од Преспа – се огласи адвокатот Сашо Дуковски
На денешен ден, 17 јуни, се навршуваат седум години од потпишувањето на Договорот од Преспа, со кој беше ставен крај на деценискиот спор меѓу Скопје и Атина.
Историскиот договор беше потпишан во селото Нивици (Псарадес), на брегот на Преспанското Езеро, на грчка територија. Со него, Република Македонија се обврза да го промени своето уставно име во Република Северна Македонија, додека Грција го призна македонскиот јазик и идентитет. Договорот овозможи членство на земјава во НАТО и придонесе за интензивирање на билатералната соработка меѓу двете земји.
По повод седумгодишнината од потпишувањето, денес се огласи адвокатот Сашо Дуковски.
„Седум години од овој СРАМ.
Не може да ми менува име, идентитет, јазик и историја ПОД МЕЃУНАРОДЕН ПРИТИСОК и без волјата на народ преку валиден референдум. Н Е М О Ж Е !!
Еден од поголемите погроми на оваа напатена држава и народ!“, напиша тој.







