Американската амбасада во Израел и денес останува затворена поради безбедносни причини
Американскиот амбасадор во Израел, Мајк Хакаби, соопшти дека амбасадата на САД и конзулатот во Израел и денес ќе останат затворени поради зголемени безбедносни ризици.
Во сила останува и претходното предупредување до граѓаните да останат во засолништа.
Според Хакаби, во близина на огранокот на амбасадата во Тел Авив биле забележани помали оштетувања како последица на детонациите од иранските проектили, но за среќа , нема повредени меѓу американскиот дипломатски персонал.
Да потсетиме, синоќешните ирански напади врз Тел Авив и Хаифа резултираа со четири загинати и десетици повредени лица.






