Безбедносната состојба во Кочани ескалира во изминативе неколку месеци, не така одамна се случи голем меѓуетнички конфликт помеѓу Роми и Македонци конфликт кој заврши со 10-тици повредени, а беше употребено и огнено оружје, пресметка во која за среќа немаше жртви.
Од Кочани повторно имаме шокантно видео на кое се гледа како мајка и син лежат во кома откако биле брутално претепани. Неофицијално дознаваме дека мажот само што завршил со отслужување на затворската казна по што продолжил со лошите навики што пак довело до физичка пресметка со еден од соседите.
-На 30-04-2021 во 17:00 ч Крвава пресметка во социјалната зграда во Драчевик Кочани. Кочани не безбеден град за живеење, банана полиција во Кочани, пишува на Фејсбук претседателот на Народната партија на Ромите, Геге Демировски.






