Серија земјотреси во регионот Пештани–Охрид–Струга, почувствувани и во југозападна Македонија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, која ја одржува Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава регистрираше серија земјотреси со епицентар во подрачјето Пештани–Охрид–Струга, околу 102 километри југозападно од Скопје.
Според првичните податоци, најсилниот потрес бил регистриран во 4:34 часот и бил почувствуван во Охрид и околината со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала. Во останатите делови од југозападна Македонија, потресот бил со интензитет од III до IV степени.
Нема пријавени материјални штети, а земјотресот предизвика вознемиреност кај населението.






