Поранешниот пратеник Илија Димовски упати велигденска порака во која нагласи дека Велигден не е само празник на верата, туку и длабока потврда дека надежта и вистинските вредности се вечни, дури и во најтешките мигови.
„Има нешта што не умираат, дури и кога ќе ги распнат. Има земји, народи и вредности кои ќе воскреснуваат сè додека има луѓе што паметат, што сонуваат и што не се откажуваат“, истакна Димовски, повикувајќи на упорност, сеќавање и вера во иднината.
Тој додаде дека празникот е и потсетник дека воскресението е можно дури и кога сè изгледа изгубено, и дека вистинските борби се водат не со очај, туку со тишина исполнета со смисла.
„Сè што е вистинско не исчезнува, само се преобразува“, порачува Димовски, честитајќи им го празникот на сите верници со надеж дека Христовото Воскресение ќе донесе мир и сила за нови почетоци.






