Делчев е Бугарин, од бугарско семејство, роден во Бугарија, бугарски, Зоране, бугарски, Заев – напиша Џамбаски на Фејсбук статус во коментар.
Ангел Џамбаски европратеник од Европските конзервативци и реформисти и заменик претседател на ВМРО – Бугарско национално движење, денеска со фрапантен коментар на Фејсбук страната на премиерот Зоран Заев по повод честтитката за Гоце Делчев, напиша:
„Oчигледно ќе треба повторно да потсетиме дека „македонската“ револуционерна организација е бугарска. Според првиот статут, името на револуционерната организација било Бугарско македонско-одрински револуционерен комитет (БМОРК). Бугарски, Зоране. Бугарски, Заев. И Георги (Гоце) Николов Делчев, роден во бугарско семејство, во бугарскиот град Кукуш, се претстави како бугарски учител, бугарски офицер, бугарски револуционер, бугарски војвод во бугарската револуционерна организација “- напиша Џамбаски по што следуваа лавина на коментари и про бугарски и про македонски.
https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/10159428781162932?comment_id=10159428837222932

Се вклучи и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој напиша:
„Бидејќи гледам премиерот Заев реши да не ги брани македонските интереси, јас ќе одговорам дека ВМРО е Македонија, а Гоце Делчев е Македонец, и тоа еден од најсветлите ликови во македонската историја.“
По неговиот кометар, повторно се вклучи Џамбаски кој му рече на Мицкоски дека учел историја од „титово-комунистичка верзија“.










