Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека целта на Европската унија е да обезбеди мултинационалните компании да остваруваат добри профити, Украина да има доволно пари за војување, а сето тоа да го платат унгарските семејства.
На својата Фејсбук страница, Орбан посочи дека Брисел побарал од Унгарија да ги укине максималните цени на рускиот гас и нафтата, пренесува МТИ.
„Логично е дека добро изгледа кога Брисел бара од Унгарија да ја плати поддршката за Украина“, напиша Орбан.
Тој оцени дека Европската комисија ги потценува напорите на унгарската влада да ги заштити семејствата од профитерите преку воведување на максимални цени и каматни стапки.
„Брисел смета дека подобро е парите да останат во банките и кај мултинационалните компании. Европската комисија не го прифати ниту тоа што Унгарија воведе посебни даноци и даноци на дополнителната вредност. Тие би сакале да ги укинеме и субвенциите за купување станови“, додаде Орбан.







