Францускиот претседател Емануел Макрон ја поздрави подготвеноста на украинскиот претседател Володимир Зеленски за обновување на дијалогот со САД, соопшти Елисејската палата.
Макрон, кој веќе имаше телефонски разговори со Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп, ја потврди решеноста на Франција да соработува со сите заинтересирани страни за да се постигне стабилен и траен мир во Украина.
Во меѓувреме, Зеленски изјави дека му наредил на својот министер за одбрана и други официјални лица да обезбедат точни информации за воените испораки, по најавата на САД за прекинување на воената помош за Киев.
„Им наредив на министерот за одбрана на Украина, шефот на разузнавањето и дипломатите да контактираат со своите колеги во САД и да добијат официјална информација“, рече Зеленски во своето вечерно видео обраќање.







