Полската агенција за внатрешна безбедност (ABW) уапси 19-годишно лице под сомнение за подготвување терористички акт.
Станува збор за трет осомничен во истрагата што ја води Окружното обвинителство во Олштин, во североисточна Полска, соопшти портпаролот на координаторот за специјални служби, Јацек Добжински.
„Истражителите утврдија дека осомничените собирале информации преку интернет за ракување со огнено оружје, позиции за стрелање, како и за спроведување борбени операции во различни услови – и на отворен простор и во затворени простории“, изјави Добжински на социјалната мрежа X (поранешен Twitter).
Во рамки на подготовките, осомничените посетувале стрелишта и поминале низ воено-тактичка обука, наведуваат полските безбедносни служби.






