Таткото на трагично загинатата Фросина Кулакова се огласи преку објава на социјалната мрежа Фејсбук.
– Штом бара еве вака треба да изгледа ПРАВДАТА КОЈА ВАСО ЈА ПОВИКУВА – ПА ДА ГО СТИГНЕ. 4 годинини затворска казна за трговија со дрога и за најдрското лажење на Апелацискиот суд односно треба да ја добие највисоката казна бидејќи не што нема ни покајание, ами плус и најдолно бесрамно и без трошка совест – манипулативно однесување кон судот !!!!!!!!!
заедно со адвокатите и мајка му и татко му треба да одговараат за организиран криминал за доведување на судот во заблуда исто така со долгогодишна казна !!!!!!!!! 20 години казна за убиството на Фросинче Да веруваме дека Апелациониот суд нема да подлегне на сите МАФИЈАШКИ ИГРИ И ПРИТИСОЦИ !!!!!!!!!, напиша таткото на Фросина.
Младата Фросина Кулакова од Неготино трагично го загуби животот на само 22-годишна возраст, откако беше прегазена од возило додека поминувала на обележан пешачки премин на булеварот Партизански Одреди.
Возилото го управувал 20-годишниот Васил Јованов.






