Илон Маск се извини за коментарите упатени кон Доналд Трамп: „Отидов предалеку“
Милијардерот Илон Маск, кој некогаш беше дел од Канцеларијата за владина ефикасност во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, се огласи по серијата остри објави и критики што ги упати кон Трамп минатата недела.
Во најновата објава на социјалните мрежи, Маск се повлече од претходните изјави, признавајќи дека неговиот тон бил непримерен.
„Жалам за некои од моите објави за претседателот Доналд Трамп минатата недела. Отидов предалеку“, напиша Маск, со што практично ретерираше од своите пораки кои предизвикаа бројни реакции во американската јавност.
Оваа изјава доаѓа по јавната пресметка меѓу двајцата, што дополнително ја заостри политичката и медиумска атмосфера во САД во пресрет на претстојната изборна кампања.





