Во вооружен напад што се случи во едно училиште во Грац, Австрија, животите ги загубија седум ученици, еден возрасен и напаѓачот, соопшти локалната полиција еден час по трагичниот настан.
Бројот на тешко повредени лица е двоцифрен, но засега не е прецизирана точната бројка.
На местото на нападот интервенираа четири хеликоптери, кои ги транспортираа повредените до најблиските болници.






