Најмалку четири лица загинаа, а повеќе од 60, меѓу кои и бебе, се ранети во еден од најсилните руски напади досега врз источниот украински град, објавија украинските власти. Во последните 24 часа, руската армија извршила и повеќе стотини воздушни напади врз населени места во Запорожската област.
Според украинските сили, само утринава до 9 часот биле неутрализирани 40 руски дронови на истокот, југот, северот и во централниот дел на земјата, јавува украинската новинска агенција УКРИНФОРМ.
Од друга страна, руското Министерство за одбрана соопшти дека руските противвоздушни сили во текот на ноќта уништиле околу 60 украински дронови над осум региони во Русија.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, информираше дека над руската престолнина се соборени девет дронови.







