Унгарскиот премиер Орбан жестоко предупреди: „Оганот не се гаси со долевање масло“
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска истакна дека Брисел ја води Европа кон деценија на конфликти, прикажувајќи ја Украина како штит кој го брани континентот.
Орбан преку објава на платформата X порача дека Унгарија би избрала друг пат – наместо ескалација, да се инсистира на прекин на огнот, мир и безбедност кои треба да се постигнат преку преговори.
„Оганот не се гаси со долевање масло на него“, порача Орбан.
Орбан ќе учествува на собир во Франција
Премиерот Орбан во недела ќе отпатува во Франција, каде ќе присуствува на состанокот на групата „Патриоти за Европа“ во Европскиот парламент, кој ќе се одржи во Фонтенбло, во близина на Париз, соопшти прес-службата на унгарската влада.
Во јуни, Орбан ќе се обрати на собирот на „Патриоти за Европа“ во Монтаржи, по покана на лидерите на француската партија Национално обединување, Марин Ле Пен и Жордан Барделе.
Овие настани се одбележуваат како првата годишнина од изборите за Европскиот парламент во 2024 година, по кои беше формирана групата „Патриоти за Европа“, известува агенцијата МТИ.






