Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Инсајдерски информации ги откриваат тајните планови на Путин: Што планира рускиот претседател во Украина?

by
2025-06-08
in Uncategorized
Инсајдерски информации ги откриваат тајните планови на Путин: Што планира рускиот претседател во Украина?

САД очекуваат силен руски одговор по нападот со украински дронови

Соединетите Американски Држави сметаат дека Русија сè уште не одговорила целосно на минатонеделниот украински напад со беспилотни летала и предупредуваат дека Москва би можела наскоро да изврши повеќеслоен и интензивен противудар, објави агенцијата „Ројтерс“, повикувајќи се на изјави од американски претставници.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Според изворите, временската рамка за евентуален целосен руски одговор сè уште не е јасна, но се проценува дека истиот би можел да се случи во следните денови. Еден висок функционер изјавил дека Русија веројатно ќе употреби различни средства – вклучувајќи ракети и беспилотни летала – за да ја засили својата одмазда. Се очекува нападот да биде „асиметричен“, односно насочен кон други цели и методи, а не само како директен одговор на уништувањето на руските стратешки авиони.

И покрај тековните ракетни и дронски напади врз Украина, американските разузнавачи проценуваат дека Русија сè уште не го започнала својот целосен одговор на украинската операција „Пајажина“, која, според проценките, уништила најмалку 12 руски стратешки бомбардери. Вашингтон проценува дека биле погодени до 20 авиони – приближно половина од бројот што го наведе украинскиот претседател Володимир Зеленски – а околу десет се целосно уништени.

Иако руското Министерство за одбрана демантираше какви било сериозни загуби и најави поправка на наводно оштетената опрема, руски воени блогери објавија дека се уништени десетици летала, вклучително и бомбардери со можност за носење нуклеарно оружје.

Западни дипломатски извори за „Ројтерс“ предупредуваат дека Москва најверојатно ќе ја засили воената кампања со симболични и разорни напади врз украински владини и безбедносни институции, со цел да испрати силна порака до Киев.

Во анализата на Мајкл Кофман од Карнеги фондацијата за меѓународен мир се наведува дека Русија би можела да се насочи кон објектите на украинската служба за безбедност (СБУ), како и кон одбранбената индустрија. Тој, сепак, нагласува дека можностите за ескалација се ограничени, бидејќи Москва веќе ја користи поголемата дел од својата воена моќ на фронтот.

„Вкупниот капацитет на Русија значително да ја ескалира воената акција – во споредба со она што веќе го прави – е сериозно ограничен,“ рече Кофман.

Во меѓувреме, претседателот Владимир Путин, според Доналд Трамп, во средата му кажал дека Русија ќе мора да одговори на нападот. Трамп, коментирајќи го разговорот на социјалните мрежи, изјави: „Му реков: ‘Не го прави тоа. Треба да го спречиш.’ Но, повторно, има многу омраза.“

Белата куќа, како и амбасадите на Русија и Украина во Вашингтон, засега не дадоа официјален коментар.

Previous Post

Исчезна 16-годишно момче од Скопје – полицијата трага по него

Next Post

Трамп испраќа 2.000 војници за да ги смири протестите во Лос Анџелес

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Трамп испраќа 2.000 војници за да ги смири протестите во Лос Анџелес

Трамп испраќа 2.000 војници за да ги смири протестите во Лос Анџелес

Recommended

Пороен дожд, грмежи и невреме и во текот на ноќта во Македонија!

Пороен дожд, грмежи и невреме и во текот на ноќта во Македонија!

3 months ago
Денеска се слави Свети Јован Милостив

Денеска се слави Свети Јован Милостив

5 years ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.