Кина и Франција се согласија економските и трговските прашања да ги решаваат преку дијалог и консултации, соопшти денеска кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји по телефонски разговор со неговиот француски колега Жан-Ноел Бароу.
Во соопштението на кинеското МНР не се наведуваат детали за природата на постигнатиот консензус, но се нагласува значењето на заемното почитување и здравиот развој на односите меѓу Кина и Европската Унија.
„Кина и Франција треба да ги почитуваат меѓусебните основни интереси и да го унапредуваат стратегиското партнерство“, изјавил Ванг Ји, притоа повикувајќи на конструктивна улога на Париз во европската политика кон Пекинг.
Разговорот доаѓа во момент на зголемени тензии меѓу Кина и ЕУ, особено околу прашања поврзани со трговијата и индустриската политика.







