Кратко, но интензивно невреме проследено со силен дожд и град попладнево го зафати Скопје, оставајќи зад себе поплавени улици кои наликуваат на мали езера.
Како и по секој пороен дожд, познатите слаби точки на градот повторно се покажаа како критични – мостовите и подвозниците, каде што се собира големо количество вода, создавајќи сериозни проблеми за сообраќајот.
Особено тешка е состојбата во населбата Бутел, каде што автомобилите се приморани да се движат по тротоарите, формирајќи колони за да го заобиколат водениот застој на улиците. Возачите се соочуваат со отежнато движење, додека службите за одводнување повторно задоцнуваат со интервенција.
Граѓаните револтирано потсетуваат дека со секое невреме, Скопје се претвора во пловен град, а надлежните остануваат неми пред деценискиот проблем со атмосферската канализација.







