Хамас изрази подготвеност за нова рунда преговори за прекин на огнот во Газа
Радикалното палестинско движење Хамас е подготвено да започне нова рунда сериозни преговори со цел постигнување договор за траен прекин на огнот во Појасот Газа, изјави високиот претставник на организацијата, Халил ал Хаја.
„Го потврдуваме нашиот став и подготвеноста за нова рунда сериозни преговори во насока на постигнување траен договор за прекин на огнот“, рече Ал Хаја во видео порака.
Тој додаде дека контактите со посредниците и другите страни продолжуваат.
Иако преговорите околу американскиот предлог за прекин на огнот во Газа досега не донесоа напредок поради несогласувањата меѓу Израел и Хамас, изјавата на Ал Хаја се толкува како сигнал за потенцијално обновување на дипломатските напори за ставање крај на воените дејства.






