Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Стармер со закани: Ќе преземеме конкретни мерки

by
2025-06-06
in Uncategorized
Стармер со закани: Ќе преземеме конкретни мерки

Британскиот премиер Кир Стармер упати остро предупредување до Израел, најавувајќи конкретни мерки како реакција на продолжената воена офанзива во Појасот Газа и рестрикциите во доставата на хуманитарна помош.

„Премиерот повторно истакна дека, доколку Израел не ја прекине својата воена офанзива и не ги укине ограничувањата за хуманитарна помош, Обединетото Кралство, заедно со своите партнери, ќе преземе конкретни чекори како одговор“, изјави портпарол на Даунинг стрит по средбата на Стармер со јорданскиот крал Абдула Втори во Лондон.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Двајцата лидери разговарале за сериозноста на состојбата во Газа, како и за загрижувачките случувања на Западниот Брег.

„Клучно е да се обезбеди траен прекин на огнот, ослободување на сите заложници и итна и масовна испорака на хуманитарна помош“, додаде портпаролот.

Обединетото Кралство во мај ги суспендираше преговорите за слободна трговија со Израел и го врати својот амбасадор од Тел Авив во Лондон.

Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Дејвид Лами, остро ја осуди владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поради проширувањето на воените операции.

Во обраќање пред британскиот парламент, Лами најави воведување санкции за поединци и организации кои се вклучени во изградба на нелегални населби на Западниот Брег.

„Лондон не може да остане со скрстени раце пред понатамошното влошување на состојбата во Појасот Газа“, изјави Лами.

Британската влада во средата повика на „итна и независна истрага“ за серијата смртоносни инциденти кои се случија во текот на неделата на локации за дистрибуција на хуманитарна помош во Газа.

Previous Post

Пад на Волстрит поради Тесла, надеж за стабилност од разговорот Трамп – Си

Next Post

Најново предупредување: Ново силно невреме ќе ја зафати Македонија!

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Најново предупредување: Ново силно невреме ќе ја зафати Македонија!

Најново предупредување: Ново силно невреме ќе ја зафати Македонија!

Recommended

Три хороскопски знаци ги очекува одлична недела: Среќа, љубов и огромна заработка

Три хороскопски знаци ги очекува одлична недела: Среќа, љубов и огромна заработка

7 months ago
Несекојдневно пораѓање: Велешанка се породила во такси во дворот на болницата

Несекојдневно пораѓање: Велешанка се породила во такси во дворот на болницата

5 years ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.