Судирите меѓу Русија и Украина повторно ескалираа изминатите денови, со интензивирање на бомбардирањата и напади со дронови од двете страни. Еден од најтешките напади се случи во украинскиот град Прилуки, во областа Чернихив, каде дрон-камиказа „Шахед“ предизвика трагедија.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека во нападот загинала целата фамилија на локалниот командир на противпожарната единица – неговата сопруга, ќерка и едногодишниот внук. Вкупниот број на загинати во нападот изнесува пет лица.
„Еден од пожарникарите дошол до куќата за да процени штетата од нападот, а тогаш сфатил дека ударот бил токму врз неговиот дом“, напиша Зеленски на социјалните мрежи.
Претседателот додаде дека ова дете е 632-ро по ред кое загинало од почетокот на руската инвазија.
„Русија постојано се обидува да добие на време за да продолжи со убиствата. Кога не чувствува доволна осуда и притисок од светот, тие повторно убиваат“, порача Зеленски.
Според него, само во текот на една ноќ, Украина била нападната со 103 дронови и една балистичка ракета, насочени кон регионите Доњецк, Харкив, Одеса, Суми, Чернихив, Дњепро и Херсон.






