Зеќирија Ибрахими остро ја критикуваше градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, поради, како што вели, неисполнување на нејзините основни обврски – собирањето отпад во скопската општина Чаир.
„Сè додека Данела Арсовска не ја извршува својата должност за собирање на ѓубрето од Чаир, за да се спасиме од оваа еколошка бомба, не ѝ вреди ниту еден аргумент за дивоградбите“, напиша Ибрахими на социјалните мрежи.







