На 13 јуни 2025 година, Општина Тетово ќе спроведе организирана дезинсекција на земјиштето на територијата на градот, во соработка со компанијата „ПРОНТТО“ ДООЕЛ. Акцијата има за цел искоренување на комарци и други штетници, како дел од редовните мерки за заштита на јавното здравје и животната средина.
Дезинсекцијата ќе започне после 22:00 часот и ќе трае до раните утрински часови. Од Општина Тетово информираат дека активноста ќе се спроведе само доколку временските услови се поволни.
Граѓаните се замолуваат за претпазливост, а особено пчеларите, кои се повикуваат да преземат неопходни мерки за заштита на пчелите, имајќи ја предвид осетливоста на инсектите на средствата што се користат во процесот.
Општината апелира сите засегнати страни навремено да се информираат и да постапат во согласност со препораките, со цел ефикасна и безбедна реализација на дезинсекцијата.







