Земјотрес од 4,6 степени регистриран во Егејското Море
Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала беше регистриран утрово, четврток (5 јуни), во 07:18 часот во Егејското Море, на територија на Грција.
Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот се наоѓал на околу 30 километри од градот Мирина, а хипоцентарот бил на длабочина од приближно 11 километри под површината.
Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица. Надлежните грчки служби ја следат ситуацијата.






