Најновото турско борбено беспилотно летало „Бајрактар ТБ3“ го надмина прагот од 100 успешни летови, соопштија турските медиуми, потврдувајќи уште една значајна фаза во тестирањето на носачот на авиони „ТЦГ Анадолу“.
Овој дрон е првото борбено беспилотно летало во светот што може целосно автономно да полетува и слетува од брод со кратка писта, благодарение на напредните технологии со визуелна вештачка интелигенција (ВИ). Тестовите, спроведени помеѓу 28 мај и 2 јуни, ја потврдија способноста за визуелно следење на линиите, препознавање на пистата и прецизна проценка на аголот на слетување.
До сега, Бајрактар ТБ3 има поминато вкупно 1167 часа и 8 минути во воздух и реализирал 709 летови во рамките на тест-програмата. Во декември 2023 година, дронов леташе континуирано 32 часа, поминувајќи 5700 километри, додека неговиот прв лет од „ТЦГ Анадолу“ беше на 19 ноември 2023, што претставува пресвртница во историјата на светската воена авијација.
Овој успех ја потврдува водечката позиција на Турција во развојот на автономни борбени беспилотни летала и нивната интеграција со современите поморски платформи.







