Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје упати срдечна честитка до проф. д-р Трајко Славески, по повод неговиот избор за нов гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија.
Во официјалното соопштение, од Факултетот истакнуваат дека изборот на проф. д-р Славески – кој целата своја академска кариера ја има изградено токму на оваа институција – претставува силно признание за неговата стручност, посветеност и значаен придонес во развојот на економската наука и високото образование во земјава.
„Ова е големо признание и за нашиот факултет, кој со децении е извор на кадар кој се истакнува со личен интегритет и професионализам. Горди сме што проф. д-р Славески е дел од нашето академско семејство,“ се наведува во соопштението.
Од Економскиот факултет на УКИМ му посакуваат многу успех во извршувањето на новата, висока и одговорна функција, со уверување дека со своето искуство и знаење, новоизбраниот гувернер ќе даде значаен придонес кон стабилен и одржлив економски развој на државата.







