Утре се отвора најголемиот аквапарк во Македонија
Најголемиот аквапарк во Македонија, сместен во Пробиштип, официјално ќе ги отвори вратите за посетители утре, информираа од менаџментот на комплексот.
Во меѓувреме, скопскиот аквапарк, кој се наоѓа во рамки на спортскиот центар „Борис Трајковски“, останува затворен. Од лани не е во функција, а засега нема официјална најава дали ќе работи ова лето.






