Дел од Битола денеска, 3 јуни 2025 година, ќе остане без електрична енергија цели 7 и пол часа поради планиран прекин најавен од страна на надлежните служби.
Според објавеното известување, струја ќе нема на улица 16-та, и тоа од 08:30 до 16:00 часот. Станува збор за планиран прекин, што значи дека е дел од редовни технички активности или интервенции на електродистрибутивната мрежа.
Се препорачува граѓаните од овој дел на градот да ги преземат потребните мерки и да се подготват за прекинот, особено оние што работат од дома или имаат деца и постари лица во домаќинствата.
За дополнителни информации се очекува ново известување од електродистрибуција.






