Неколку скопски населби утре, во вторник на 3 јуни 2025 година, ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа, соопштува операторот на мрежата.
Во периодот од 09:00 до 15:00 часот, прекин во снабдувањето ќе имаат дел од корисниците во општина Ѓорче Петров, на улиците Веле Марков, Стево Филиповиќ и Браќа Галеви.
Во подрачјето на Сопиште – Сарај, од 09:35 до 12:30 часот без струја ќе бидат населените места Рашче, Бојане, Копаница и делови од Кондово.
Прекин ќе има и во населбата Нерези, каде дел од жителите долж патот кон Пантелејмон ќе останат без електрична енергија од 13:00 до 15:00 часот.
Од компанијата нагласуваат дека станува збор за редовно одржување и унапредување на дистрибутивната мрежа и упатуваат апел до граѓаните за трпение и разбирање.






