Дарио Панковски летото го започна со нова музичка приказна – весела, духовита и полна со позитивна енергија. Неговиот најнов сингл, насловен „Мојата драга“, веќе е достапен на YouTube, каде што песната е придружена со видео, а официјалниот спот е најавен за наскоро.
Текстот и музиката се авторско дело на Дарио, додека за аранжманот се погрижи неговиот долгогодишен музички соработник Кристијан Габровски. Дуетот повторно ја потврдува својата креативна синергија со песна која ќе биде совршена придружба на летните денови.
„Мојата драга“ е ведар, заразен сингл што ја продолжува линијата на хумористичен поп со кој Панковски се препознава кај домашната публика. Со лесен ритам и духовит текст, песната ветува да стане омилен летен рефрен.







