За автопатот Прилеп-Битола веќе информиравме. Кога бевме на локацијата каде што се вршеше увид на градежните работи го прашавме премиерот и за патнотo и железничко поврзување на Битола со Грција, преку железницата која се направи и експресниот пат кон границата.
„И тоа останува наш приоритет коридорот 10 и очекувам ако се биде како што треба Александар добри вести до крајот на годината и по тоа прашање“ рече Мицкоски.

За убавите вести во инфраструктурата го повика министерот Николоски. Тој кажа дека од наша страна завреши се работите, сега проблемот е кај грчката страна.
„Таму е завршена работата во однос на изградба, има железничка линија која што оди Велес-Прилеп-Битола-Лерин, наједноставно објаснето или Кременица, проблем е дека грчаката страна не ја става во функција. Јас пред неколку недели бев во Солун каде што помеѓу другото се сретнав и со грчкиот министер за транспорт, ја отворив оваа тема. Ова е битен железнички коридор пред се во карго делот затоа што солунското пристаниште и пристаништето во Игуменица компелтно може да ја користат оваа линија за карго превоз. Тоа ќе значи многу за стопанството во регионот. Грчкиот министер кажа дека имаат одредени проблеми со финансирањето, но даде ветување дека до нашата следна средба таа ќе е на 23 ноември ќе даде конкретен одговор кога ќе можат да ја пуштат, јас се надевам дека до крајот на оваа или почеток на следната година ќе имаме веќе оперативна пруга која што чека од 2019 година“ вели министерот за транспорт Александар Николоски.

Николоски информираше дека има веќе готов проект за обиколницата на Битола.
„Во однос на патот има веќе готов проект од јавното претпријатие за државни патишта за обиколница на Битола , која после тоа продолжува покрај индистриската зона „Жабени“ до граничниот премин „Меџитлија“ и ќе работиме и на тоа во следниот период“ ни одговори министерот за транспорт.
Исто така и влезот на Битола е активност која се случува, на што не потсети премиерот.
„Во моментов имаме огромен проект кој што го работи Општина Битола заедно со поддршка на Владата и средства и од буџетот и од Општина Битола за комплетно булеварско решение на влезот во Битола“ рече Николоски.

Пред неколку дена и пратеникот Милевски кажа дека во и околу Битола се случува градежна офанзива и дека вака треба да се работи за доброто на граѓаните.






