Сопственикот на агенцијата за водниспортови во Будва, М.К., повторно е приведен откако во медиумите изнел детали од трагедијата во која загина 19-годишна девојка од Нови Сад. Иако првично беше уапсен во рамки на истрагата, овојпат е приведен поради кршење на забраната за давање изјави додека истрагата е во тек.
М.К. во изјавите што се појавија во некои медиуми тврдеше дека летот со парасејлинг бил изведен според сите прописи и дека девојката, која претходно снимала бесплатно рекламно видео, не покажувала страв пред летот. „Тоа е несреќа, чиј исход сега е познат на сите. За мое големо жалење, се случи огромна трагедија“, изјавил тој, додавајќи дека иако бил предупреден да не зборува, се решил да одговори на јавните обвинувања.
Обвинителството го сомничи дека со овие јавни изјави потенцијално можел да влијае врз сведоците и текот на истрагата. По распитот, тој бил пуштен на слобода, но останува под лупа на истражните органи.
Несреќата се случи за време на обука и промотивен лет во Будва, а случајот ја потресе јавноста и отвори прашања за безбедноста при водни активности и рекреативни летови.






