Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николовски, преку видео објава на својот официјален Фејсбук профил ја информираше јавноста за напредокот на градежните активности на неколку автопатски делници кои се дел од стратешките проекти на Коридорите 8 и 10-д.
„Во следниве 5 минути погледнете како интензивно се работи на 3 автопатски делници: Прилеп – Битола, Тетово – Гостивар и Гостивар – Букојчани. Напорната работа дава резултати!“ напиша Николовски, додавајќи дека координацијата помеѓу Владата, Министерството, ЈП за државни патишта и конзорциумот „Бехтел и Енка“ веќе ги дава првите резултати на терен.
Тој нагласи дека станува збор за крупни инфраструктурни зафати кои се реализираат со забрзано темпо и со целосна поддршка од владата, а кои, според него, ќе донесат економски развој, подобра поврзаност и нови перспективи за регионите низ кои поминуваат овие патни правци.
„Ова се автопати кои ги поврзуваат нашите граѓани, го забрзуваат транспортот и ја отвораат Македонија кон Европа. Продолжуваме со исто темпо и посветеност,“ порача министерот Николовски.







