Премиерот Мицкоски денеска го пофали трудот на Институтот за јавно здравје, оценувајќи дека е направен значаен историски напредок во последните неколку месеци. Тој истакна дека сега македонската јавност и граѓаните многу појасно ќе разберат што нуди оваа институција и што е сработено во тој период.
„Разговаравме и за идните развојни планови. Институтот беше затекнат во хаотична состојба со големи долгови, кои веќе се сервисирани. Понатаму, успеавме да оствариме и значителна заштеда, која ќе биде искористена за реализација на развојни проекти во периодот што следи,“ рече премиерот.
Тој изрази благодарност до раководството на Институтот, сите вработени, како и до Министерството за здравство, Фондот за здравство, како и останатите институции и колеги во Владата. Спомена дека реформите во здравството се еден од врвните приоритети на Владата, и дека во изминатите неполни една година е постигнат значителен напредок.
„Се надевам дека што помалку луѓе ќе имаат потреба од овие институции, но оние што ќе ги користат, да добиваат услуги на европско ниво и навремено,“ додаде Мицкоски.







