Доколку сакате да ја намалите телесната тежина и обемот на струкот, постојат одредени намирници кои, според водечкиот британски нутриционист и експерт за исхрана д-р Мајкл Мосли, мора да се сведат на минимум.
Во продолжение ви ги пренесуваме неговите клучни препораки за успешно слабеење:
1. Шеќер и засладени производи
Д-р Мосли советува целосно да се избегнуваат слатките, десертите, засладените житарки за појадок, газираните пијалаци и индустриски подготвените смути пијалаци.
„Намалете го внесот на шеќер, слатки, пијалаци и десерти. Повеќето житарки за појадок се преполни со шеќер, исто како и голем дел од смути напитоците“, изјави Мосли.
Наместо тоа, препорачува умерено консумирање овошје и, доколку е потребно, замени за шеќер.
2. Скробни јаглехидрати
Храната богата со скроб – како бел леб, тестенини, компири и бел ориз – треба да се ограничи или целосно да се замени со поздрави алтернативи.
„На оние кои сакаат да ослабат, им препорачувам наместо рафинирани јаглехидрати да консумираат интегрални житарици како јачмен, хелда и ‘рж“, вели Мосли.
Кафеавиот ориз е прифатлива опција, како и мешункастите растенија – леќа, грав и наут – кои, според Мосли, се и здрави и заситни.
3. Преработена храна
На црната листа на доктор Мосли се и сите форми на индустриски обработена храна: пилешки прсти, хамбургери, чипс, пица, виршли, печива, маргарин, бисквити и слични производи.
Тој потенцира дека овие производи треба да се избегнуваат во широка обиколка, особено за време на диета.






