Хрватска денеска одлучува кој ќе ги води трите најголеми градови – Загреб, Сплит и Ријека – во еден од најнеизвесните втори изборни кругови досега! Од 7 часот утрово, отворени се 4.980 избирачки места во 405 општини и градови, каде што граѓаните го кажуваат својот суд за идните градоначалници, жупани и општински раководители.
Во фокусот на јавноста се трите најголеми градови. Дали Томислав Томашeвиќ (Можемо, СДП) ќе остане на чело на Загреб или ќе го смени независната кандидатка Марија Селак Распудиќ? Дали Ивица Пулjaк (Центар) ќе продолжи да владее во Сплит или ќе мора да му отстапи место на кандидатот на ХДЗ, Томислав Шута? Во Ријека, градоначалникот Марко Филиповиќ (независен) се соочува со силен предизвик од Ива Ринчиќ од коалицијата АМ.
Но изборите не застануваат тука – се гласа и во Пула, Дубровник, Шибеник, Карловац и Сињ, каде што исто така се водат тесни трки. Вечерва до 19 часот гласањето завршува, а веднаш потоа следува напнато чекање – првите анкети се очекуваат веднаш по затворањето на избирачките места, додека првичните незванични резултати ќе почнат да пристигнуваат околу 20 часот.
Овие избори се четврти по ред за само една година – по парламентарните избори во април 2024, европските во јуни, претседателските во јануари, а првиот круг на локалните на 18 мај – што ја прави оваа недела клучен момент за политичката иднина на Хрватска. Ќе преживеат ли досегашните градоначалници или ќе се случи целосна смена на политичката сцена?






![[ВИДЕО] Паника во Тел Авив: Иран го погоди срцето на Мосад?](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/06/1750145540.jpg)