Вечерва, веднаш по завршувањето на финалето на Лигата на шампионите меѓу Пари Сен Жермен и Интер, на улиците на Париз избувнаа немири. Стотици фудбалски навивачи се собраа на главните сообраќајници, каде што дојде до жестоки судири со полицијата.
Специјалните полициски сили интервенираа со употреба на солзавец, а на социјалните мрежи кружат видеа во кои се гледа како полицајци влечат демонстрант по асфалтот, додека улиците се покриени со чад и напнатост.
Немирите се проширија на неколку клучни автопатски делници, каде што групи навивачи палеа пиротехника, блокираа сообраќај и фрлаа предмети кон полицијата. Засега нема официјални податоци за повредени или уапсени.
Полицијата останува на терен и најави зголемено присуство во текот на ноќта, додека властите апелираат за смиреност и воздржаност по финалето кое, наместо славје, заврши со немири.
Macron’s Paris already looks like WARZONE
Streets covered in smoke, football fans clash with riot cops https://t.co/wS4csL27wl pic.twitter.com/gp8YdN5Y15
— RT (@RT_com) May 31, 2025
![[ВИДЕО] Тотален хаос во Париз: Навивачите се судрија со полицијата](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/05/screenshot-2025-05-31-234830.png)





