Жител на долненското село Саждево, 53-годишен тутунопроизводител и татко на четири малолетни деца, починал на откупен пункт, откако претходно, подолго време безуспешно се обидувал да предаде 30 картони тутун за да си го прехрани семејството.
Оваа вест како бомба одекна помеѓу тутунарите и уште повеќе го зголеми нивниот револт, бидејќи, како што кажуваат самите, ова веќе било втор ваков смртен случај за само неколку дена, објави „Алфа“.
Се работи за сиромашно семејство. Некаде две недели одел и се молел да предаде некој пакет тутун, а 30 пакети носел за да ги предаде вчера. Мислам дека му враќале некој од пакетите…Ова е втор случај на починат и не да е втор ТАТ или дека ќе биде, туку дефинитивнои е втор ТАТ тутунот оваа година, затоа што се работи за огромни, огромни суми…реално, кај поединци штетите се и до 10 илјади евра – вели Васко Јосифовски.






