Во селото Богова кај Јагодина, утрово околу 4 часот биле пронајдени мртви сопружниците Момчило (79) и Живадинка (76). Телата на постарите лица биле затекнати во нивната семејна куќа, а првично се сомнева дека биле заклани од нивниот внук М.М. (39), кој моментално е во бегство.
Според неофицијални информации, убиството се случило претходниот ден, а случајот во полиција го пријавил зетот на убиените, кој не можел да влезе во куќата.
Полицијата интензивно трага по осомничениот внук, кој бил виден кај нив непосредно пред трагедијата. Се претпоставува дека мотивот е поврзан со нерешени семејни проблеми и големи долгови од коцкање.
– Со денови ги посетуваше баба си и дедо си, се надеваше дека ќе му дадат пари за да се извлече од долговите – изјавил сосед за локалните медиуми.
Обдукцијата треба да го утврди точниот час и начинот на извршување на злосторството. Полицијата и натаму врши претреси и ги обезбедува доказите.







