Tриумфот на ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите донесе историска радост за клубот – но и тотален хаос на улиците на Париз. Градот синоќа се претвори во вистинска воена зона, откако илјадници навивачи излегоа да слават, а прославата брзо ескалираше во насилство.
Според локалните медиуми, запалени се повеќе автомобили, се скршени излози и улична инфраструктура, а на неколку локации дошло и до жестоки судири помеѓу навивачи и припадници на специјалната полиција. Небото над Париз беше прекриено со чад од факели и запалени објекти, додека полицијата користеше солзавец и водени топови за да го растера разјарениот народ.
Навивачите на ПСЖ, меѓу кои и голем број млади лица, се собираа на плоштадот „Шанз Елизе“ и пред култната Ајфелова кула, но прославата излезе од контрола во доцните часови.
❗️ Football fans TORCH cars as France descends into chaos after PSG win Champions League final https://t.co/n9hLoxrVrN pic.twitter.com/xqsFNa9LRQ
— RT (@RT_com) May 31, 2025
![[ВИДЕО] Во Париз горат автомобили после победата на PSG](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/05/screenshot-2025-05-31-233543.png)






