Горан Пандев, македонската фудбалска легенда и дел од златната генерација на Интер, вечерва не пропушти да го бодри својот поранешен клуб на „Алијанц Арена“ во Минхен. Пандев беше дел од историјата на Интер во 2010 година, кога тимот од Милано го совлада Баерн Минхен со 2:0 во финалето на Лигата на шампионите и ја освои својата последна европска титула.
Присуството на Пандев во Минхен беше вистинска носталгија за навивачите на Интер, кои секогаш со почит се сеќаваат на неговиот придонес во славната сезона под водство на Жозе Мурињо.







