Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, учествуваше на свечената церемонија на дипломирање на студентите од Меѓународниот балкански универзитер, при што упати искрени честитки и пораки на охрабрување до новата генерација дипломирани академски граѓани.

„Исклучително е инспиративно да се гледа младината која доаѓа со амбиција, но и со свесност дека дипломата не е крајна цел, туку средство за градење на сопствената иднина и на општеството во целина“, истакна Меџити.

Тој додаде дека општеството може да напредува само преку луѓе кои знаат да ја претворат својата едукација во опиплива вредност – за себе, за заедницата и за државата.
Церемонијата се одржа во свечена атмосфера, а покрај студентите, присуствуваа и универзитетски професори, семејства и претставници на јавниот и политичкиот живот.







