Два хороскопски знаци пред банкрот – долговите и кредитите им висат над глава до 6 јуни
Астролошките влијанија носат финансиски предизвици за два хороскопски знака кои би можеле да се соочат со сериозни проблеми до 6 јуни. Влезот на Сатурн во знакот Овен, во аспект со Нептун, најавува судир со реалноста – особено за Рибите и Овните.
Оваа планетарна поставеност носи период во кој се разоткриваат финансиски илузии, импулсивни трошоци и неодговорно планирање. За некои, тоа значи аларм за пресметка со долговите, а за други – ризик од целосен финансиски колапс.
Риби
Со Сатурн кој преминува во вашиот втор астролошки дом, доаѓа време за дисциплина. Штедењето ви е неопходно, но тешко остварливо. Внимавајте на импулсивните купувања и потребата да се „почестите“ – тие би можеле да ве одведат во минус. Овој период бара строга самоконтрола и преиспитување на приоритетите.
Овен
Сатурн во вашиот знак носи тежина и одговорност, особено во финансиска смисла. Вашите амбиции се големи, но буџетот не ги следи. Ако не направите јасна и рационална распределба на средствата, ризикувате сериозни финансиски последици. Време е за зрел пристап и откажување од непотребни трошоци.







