30 мај 2025 година, Охрид, Македонија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) упатува семакедонска поддршка до Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и Јустинијана Прва за избор на јеромонах Георгиј (проф.д-р Ѓоко Ѓорѓевски) за епископ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и Јустинијана Прва и за митрополит на Дебарско-Кичевската епархија!
Достоен е! Достоен е! Достоен е!
Проф.д-р Ѓоко Ѓорѓевски е македонски теолог и универзитетски професор. Тој е редовен професор на Православниот богословски факултет “Свети Климент Охридски” при универзитетот “Свети Кирил и Методиј” во Скопје, каде што предава предмети од областа на Старозаветна теологија, вклучувајќи Библиска историја и археологија, Вовед во Стариот Завет и Егзегеза на Стариот Завет.
Своето високо образование го започнал на Православниот богословски факултет “Свети Климент Охридски” при универзитетот “Свети Кирил и Методиј” во Скопје каде што дипломирал теологија. Потоа продолжил со постдипломски студии на Понтификалниот универзитет “Грегоријан” во Рим, Италија, каде што магистрирал и докторирал во областа на библиската теологија.
Во периодот од 2010 до 2014 година Ѓорѓевски најуспешно ја извршувал функцијата амбасадор на Македонија при Светата Столица (Ватикан).
Проф.д-р Ѓоко Ѓорѓевски е автор на бројни научни трудови и книги.
Во периодот од 2016 до 2023 година проф.д-р Ѓоко Ѓорѓевски бил декан на Православниот богословски факултет “Свети Климент Охридски” во Скопје.
На 27 мај 2025 година, во навечерието на празникот Оддание на Воскресение, а воедно и денот кога Црквата го слави споменот на светите Гаврил Велички и Ахил Преспански, Неговото Блаженство г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва отслужи вечерна богослужба, на која го замонаши проф.д-р Ѓоко Ѓорѓевски во чин мала схима, давајќи му го монашкото име Георгиј.
Следниот ден, на 28 мај 2025 година, за време на Божествената Литургија, Неговото Блаженство г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва го ракоположи монахот Георгиј во јероѓаконски чин.
На 29 мај 2025 година, во денот кога Светата Црква го прославува Вознесението Господово, Неговото Блаженство г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, отслужи Божествена Литургија во храмот “Вознесение Господово” во Долно Соње, на која во јеромонашки чин беше ракоположен јероѓаконот Георгиј (проф.д-р Ѓоко Ѓорѓевски).
Оваа духовна преобразба и принесување на животот во служба на Христа и Црквата е голема радост за целата наша Света Црква.
Достоен е! Достоен е! Достоен е!





![Се уште доминира: Меси со неверојатен гол од слободен удар [ВИДЕО]](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/05/screenshot-2025-05-25-122325.png)
